Бунтовникот без причина–моден идол на младите генерации

Добивај вести на Viber

Можеби сите не го препознавате младиот бунтовник на сликата, тоа е американскиот глумец од педесетите, Џејмс Дин. 

Глумец кој создава голем култ на многу мала возраст. Тој пред да се здобие со својата слава, минува низ трауматично детство. Неговата мајка умира на негова многу мала возраст, а татко му го остава да го чува тетка му, а потоа по Втората светска војна се преженува. Во текот на своето детство минува и низ низа злоупотреби. Покрај своето лошо детство, тој успева да ја негува својата љубов за театарот, автомобилските трки и борбите со бикови. 
Пред да се пробие во Холивуд, Џејмс Дин снима реклама за Пепси кола и учествува во неколку претстави. Тој е првиот кој ги отфрла класичните панталони и ги носи на сцена фармерките, кои стануваат многу популарни кај младите. Во филмот „Источно од рајот“ се појавува во еден лежерен класичен стил со кошула, џемпер и панталони кои ја нагласуваат фигурата. Да напомниме дека во тој филм се појавува и со за засукани ракави на кошулата до лактите, опуштен стил кој денес е голем моден хит. Тој повторно со сличен стил на кошули се појавува во филмот „Див“, но тука пак, се издвојуваат неговите деним фармерки и култната окер јакна со бела крзнена јака. Филмот „Бунтовник без причина“ е еден од најкоментираните во однос на неговиот беспрекорен бунтовнички стил. 
Се појавува повторно во неизбежниот џинс, темно кафено прскано палто и црвената спортска јакна која ден денес е сѐ уште произведувана. Покрај неговата трагична смрт на само 24 години, тој станува култна икона и стилски идол кај младината. Идолизиран е неговиот стил, од фризура до облека, со секоја негова појава на филмското платно. Актерите Бред Пит, Лук Пери, Џејсон Пристли, Џејмс Франко, Роберт Патинсон, Џони Деп се само дел од многуте ѕвезди кои го копираат неговиот стил. За крај да погледнеме фотографии кои се дел од неговите фотосесии:  
За Женски магазин, Ана Јордановска