,

ВЕВЧАНИ ЌЕ ЛУДУВА: Агушеви и Џајковски дел од екипата која ќе ги забавува василичарите

„Pluto’s Doubts“, „Фолтин“ и Кирил Џајковски ќе настапат на  традиционалниот вевчански карневал. Празнувањето во Вевчани почнува вечерва, додека маските стартот на дефилето ќе го означат утре во 13 часот. Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска утре ќе ги размрдаат василичарите а според најавите во недела ќе има василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот кој собира илјадници гости ќе заврши со  традиционалното палење на маските.