Животна училница // Приказни
Ветувања, подлажувања, остварувања
Повеќе пари за граѓаните, можности за сите-за живот во Македонија; Секогаш работа, секогаш Македонија-почнува новата ера; Резултати, а не приказни-ти избираш; Слогани не еден, туку илјада и еден, во знакот на ритамот и римата, симболични, метафорични,алегорични. Вклучите ли телевизор, пуштите ли радио, отворите ли некој портал, се вклучите ли на социјална мрежа, па и кога пешачите или возите ги гледате на билборди,нив секаде ги има-слоганите и до нив гордо исправени кандидатите. Веќе се плашите и фрижидер да отворите бидејќи може и од таму да ви извикне некој слоган па да ви попречи во дегустација на храната. Шегата на страна, но навистина е пренагласена целата кампања со слогани, при што навистина треба да имате добар желудник за сето тоа да го сварите, а уште потрагично е и што најмалите и најмилите, децата во предучилишните установи, орно ги говорат слоганите, горделиви, што запомниле нешто што нивните родители катадневно го повторуваат.
Колку може човекот да биде зол и да пласира лаги
Месецов се е во знакот на политичките кампањи, и октомври, кој обично е месец на зимници, месец на ставање туршија, правење ајвар и други домаќински работи, се претвори во месец кога се друго се заборави, а фокусот исклучиво остана во знакот на политичката битка. А политичката арена наликува на гладијаторска, и да не знаеш што се по вокација кандидатите за градски татковци или советници, слободно можеш да заклучиш, посебно по говорот на некои, дека се неуки и невоспитани и дека крајната цел им е да го навредат и омаловажат противникот. Следејќи ги кампањите добивате впечаток дека „р’вањето“ меѓу себе е поинтензивно и позначајно, отколку функцијата за која претендираат.
Повеќе за колумнава на Проф. Д - р Татјана Стојаноска Иванова прочитајте на фактор.мк овде.