ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. „Женски Магазин“ ја стартува рубриката „Викенд интермецо“, саботен серијал преку кој ќе уживате во македонските хитови, но и ќе дознаете како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Тажна љубов, среќна песна“ (Тамара Тодевска) https://www.youtube.com/watch?v=doB6CuLdG30 Единствениот вистински хит во поновата историја на некогаш реномираниот штипски фестивал. Тамара ја отпеа на „Макфест 2014“ и не победи. Стиховите ги потпиша Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се дело на Роберт Билбилов. Токму тој во една прилика изјави дека таа композиција стилски најмалку го отсликува како уметник и призна дека ја работел дури пет месеци. - И кога не работев бев опседнат со неа. Мислев и ги барав идеалните решенија, ја давав мојата тага и среќа, сакав конечно да направам нешто што одамна си го посакувам, а тоа е хит на деценијата – рече Билбилов. По реакцијата на публиката, очигледно успеа во намерата.