,

Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

Добивај вести на Viber

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип започнува со реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за најмладите. Имено, од денеска па се до крајот на учебната 2018 година, вработените на Вип преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе ги запознаваат учениците од 4-то одделение  и ќе го збогатуваат нивното знаење за Интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Почетокот на програмата која е прва од својот вид, ја означија Мислав Галер, Извршен директор на Вип и министерката за образование Рената Дескоска во просториите на ОУ “Гоце Делчев” во Скопје, каде денеска беа одржани првите предавања. - Со оваа програма, Вип уште еднаш ја потврдува својата јасна определба да вложува во заедницата каде работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие, но и секојдневието на нашите деца. Затоа, ја креиравме оваа програма со која се надеваме дека ќе придонесеме кон едукација на најмладите и ќе придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип. Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности кој ќе се спроведува во периодот од февруари до јуни 2018 година, ќе опфати повеќе од 700 четврто одделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“,  ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“. - Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Сигурна сум дека оваа програма ќе наиде на интерес кај децата и наставниците, но се надевам дека ќе го привлече и вниманието и на родителите како водечки воспитен фактор да ги подготват своите деца за предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната ера. Децата се најголемите трагачи по знаење, секогаш љубопитни да дознаат повеќе информации, а е особено важно да бидат корисни и применливи за нивниот понатамошен развој, изјави Рената Дескоска, Министер за образование и наука. Предавањата ќе бидат спроведувани од страна на обучени професионалци - вработени на Вип, кои со своето познавање и експериза преку практични примери и дискусија ќе им ја доловат на децата суштината на Интернетот. Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk