,

(ГАЛЕРИЈА) Гламурозна, луксузна и женствена: „Valentino“ колекција пролет 2018

Добивај вести на Viber

Овој пат, дизајнерот сам ја креирал колекцијата без помош на Марија Грација Кјури. Колекцијата е гламурозна, луксузна, женствена и претставува спој на вообичаена романтика на брендот со естетика од осумдесетите. Претставени се мини фустани со ретро силуети посипани со провидно цвеќе. Пјерпаоло Пиколи, смело ги користел драперите, џепови, комбинации на различни бои и текстури, машни и структурирани детали и креирал многу убава и разиграна колекција за пролетната сезона. Макси фустаните со вез, симболот на Валентино куќата, исто така годинава се претставени и изгледаат бајковито. Во палетата бои се гледа легендарната црвена нијанса на Валентино, универзални тонови и деликатни розеви, длабоки нијанси на плава, зелена и сива боја - оваа пролет ќе биде отсликана во исклучителни бои. Погледнете ја колекцијата на брендот Valentino. [gallery size="full" ids="14229,14230,14231,14232,14233,14234,14235,14236,14237,14238,14239,14240,14241,14242,14243,14244,14245,14246,14247,14248,14249,14250,14251,14252,14253,14254,14255,14256,14257,14258,14259,14260,14261,14262,14263,14264,14265"]