,

(ГАЛЕРИЈА) Раскошни венчаници вечерва прикажани на „The Bridal Fashion Night“

Добивај вести на Viber

По шестти пат денеска во „Скопје Мериот Xотел“ се одржа „The Bridal Fashion Night“ во организација на Моден викенд Скопје. Вечерта која беше комплетно посветена на свадбениот ден ја отвори ревијата на „MCouture by Mila Kadriu“ со колекцијата „Spring Bridal 2018“. Потоа следуваше презентација на креациите од модната куќа „Менакон“ од Косово чии колекции веќе редовно ги гледа домашната публика во Скопје а потоа беа прикажани моделите од ателјето „Ал Апарел“ на Наташа Карчева под името на најновата колекција „Endless love“. Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“, преку несекојдневен моден перформанс ги претстави новите трендови за претстојната сезона. За прв пат македонската публика ги виде моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет-лето 2018 година наречена „Something more“. Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“, која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе, на овогодинешниот „The Bridal fashion night“  претстави нова уникатна креација. Вечерта ја затвори „Elizabet design studio“. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Revlon Professional“. За шминката се покрижи официјалниот партнер за убавина „Golden Rose Macedonia“ во соработка со мејкап артистот Даниел Артевски. Чевлите кои ги носеа моделите на настанот доаѓаат од „Paolo Bocelli“. Новиот легендарен мирис од „Орифлеим“ POSSESS THE SECRET за Неа и за Него е официјалниот парфем на претстојниот „The Bridal Fashion Night“ а нивни партнери за нега се „Dove - Derma Spa“ -Нега заснована на дерматолошка експертиза за спа доживување.