Животна училница // Приказни
(ГАЛЕРИЈА) ТЕНИСЕРКАТА И МИЛИОНЕРОТ: Блескавата свадба на Серена Вилијамс и нејзиниот сакан
Серена Вилијамс се омажи за милионерот Алексис Ованнан на прекрасна церемонија во Музејот на современа уметност во Њу Орлеанс.
Луксузната свадба е инспирирана од бајката „Убавицата и ѕверот“, а на среќниот чин присуствуваа блиските на тенис легендата и бизнисменот, како и еден куп познати личности, меѓу кои Ким Кардашијан, Бијонсе, Џеј, Ана Винтер, Сиера, Кели Роуден, Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг. За секој гостин била предвидена специјална статуетка со неговото име (статуи - копии од 12 големи титули на Вилијамс). Гостите беа замолени да не снимаат и фотографират со своите мобилни телефони, бидејќи младенците имале ексклузивен договор со списанието „Вог“. Потсетуваме на тоа дека избраникот на Серена е ко-основач на социјалната платформа, Редит. Серена има 36 години, а нејзиниот партнер е помал две години. Церемонијата била дискретна со 250 гости, со џез музика и многу интензивна декорација. Цената на настанот била 1 милион долари. Серена и Алексис имаат ќерка - Алексис Олимпија, која е родена на 1 септември. Двојката се спои во декември минатата година откако се запознале Рим во 2015 година. Погледнете дел од свадбената церемонија: Фото: дејли меил