,

Грисини од семки

Добивај вести на Viber

Наскоро започнува периодот на куќни слави и имендени, па решив да ви предложам неколку интересни рецепти за овогодишната гозба. Еден од нив се и овие грисини коишто многу брзо се спремаат, а уште побрзо се јадат. Не дека не сакам кифлички, гурман сум и јадам сѐ, но сакам да пробувам нови работи. Овие грисини се експресна замена, затоа што одат со секое предјадење, а без сол одат и со слатки намази. Дури може да се користат и како замена за леб. Потребни состојки: 40 гр. Семки од тиква 40 гр. Семки од сончоглед 30 гр. Ленено семе 30 гр. Сусам 30 гр. Овесни снегулки 65 гр. Ржано брашно 30 мл. Маслиново масло 70 мл. Ладна вода 1 лажичка прашок за печиво (незадолжително) 1 лажичка сол Во сад ставете ги прво сувите состојки и промешајте. Потоа додадете ги маслото и водата , па убаво промешајте да добиете леплива хомогена смеса. На маса ставете хартија за печење, истурете ја смесата и ставете уште еден слој хартија. Со сукало убаво исукајте ја смесата (5мм. дебелина). Потоа исечете плочки и ставете ги во тавата. Печете од 12 до 17 мин. додека не се целосно суви. Откако ќе се оладат, оставете нешто и за гостите 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=