Животна училница // Приказни
ДЕЦАТА ЗАСЛУЖУВААТ ЉУБОВ
ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА СЕ ДРУЖЕШЕ СО ДЕЦАТА ОД СОС СЕЛОТО
Поп -пејачката Елена Петреска имаше акустичен настап за децата од скопското СОС село, и се дружеше со нив по повод Детската недела.
Елена со својот син Михаел и ќерката Софиа, го посети селото на покана од раководителите на градинката „Мини Фини Буџетчиња.“
„Поканата со задоволство ја прифатив. Освен мене настапија и две мои колешки, виолинистки од Филхармонија кои на децата им свиреа класична музика. Настапот беше спонтан, тотално акустичен во близина со децата. Игравме, пеевме, разговаравме“, ни раскажа пејачката и виолинистка во МОБ.
Таа и нејзините колешки од Македонската опера и балет, планираат наскоро да ги посетат пак, и ќе се потрудат да им ги обезбедат сите работи за кои тамошните раководители им рекле дека им се потребни.
[caption id="attachment_1249" align="aligncenter" width="800"] Толку искрена радост и гостопримство одамна не сум почувствувала, тие очиња мили ме освоија од прва. Питоми и прекрасни деца кои го заслужуваат најдоброто. - Елена со децата од СОС селото[/caption]
„Толку искрена радост и гостопримство одамна не сум почувствувала, тие очиња мили ме освоија од прва. Питоми и прекрасни деца кои го заслужуваат најдоброто. Сега, кога сум мајка уште повеќе ја имам таа емпатија кон децата. Едноставно, животот понекогаш не е фер, никој не може да ја замени безрезервната љубов и топлата прегратка на родителите, но сигурна сум дека овие деца ќе си го најдат свое гнездо, своето засолниште и дека животот ќе ги награди со сѐ што им е потребно, зошто тие тоа го заслужуваат. Сите заслужуваме да сме среќни, тоа е наше право. Еве, и тука им пуштам топла прегратка, и им посакувам Бог и Универзумот да насочи тон среќа кон нив“, вели Елена за искуството со децата.
[caption id="attachment_1250" align="aligncenter" width="800"] Со ќерката Софиа[/caption]
За нејзините деца Михаел, кој наскоро ќе наполни три години и Софиа која има една година, Елена вели дека убаво си поминале со неа во СОС селото.
„Си играа и јадеа заедно. Кога пеев, Михаел дојде да ме фати за рака, зошто нели мајка му треба да си игра со него, а не да пее“, додаде пејачката, која настапи на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест“. Елена доби пофални критики за интерпретацијата на песната „Нешто“, од авторите, шведското дуо Илва и Линда Персон, кои ги направија музиката и аранжманот, а текстот го напиша нејзината колешка Елена Ристеска.
[caption id="attachment_1247" align="aligncenter" width="800"] Елена со сопругот Андреј Толевски[/caption]
Со Елена Петреска за Женски Магазин, разговараше Милица Џаровска