Животна училница // Приказни
Другата страна на аутизмот, нов свет, нов јазик: Овој татко смисли најубав подарок за аутистичната ќерка
Познатиот македонски уметник, сликар, графичар и дизајнер, Зоран Кардула не можел да смисли поубав подарок за својата аутистична ќерка Ерато Карфула (11). Тој употребил 47 зборови кои ги измислила и кои ги изговара неговата ќерка, и од нив создал книга. Книгата е насловена Гуш и бац.
Бидејќи тие зборови се разбирливи само за малата Ерато, нејзиниот татко Зоран и мајка Доминика, уметникот ги превел на 19 јазици, а нејзините зборови објавени во книгата ги украсил со 47 илустрации создадени од 33 креативни луѓе.
Книгата се вика „Гуш и Бас“. Тоа е скратенка од зборовите „гушни“ и „баци“, а е промовирана завчера во Скопје по повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на деца со пречки во развојот.
Таткото на малото девојче вели дека целта на книгата „Гуш и Бас“ е да се подигне свеста за аутизмот и интеграцијата на лицата и деца со вакви пречки во општеството.
„Ерато е слабо вербална. Има зборови кои умее јасно да ги изговори, но и такви кои се само нејзини. Лесно изговара зборови кои се одвоени на слогови а кога треба да ги спои тие зборови ги изговара по свое. Зборовите кои таа ги изговара секогаш се исти и наменети. Посакувам да можеме да разговараме со неа, но тогаш таа би требало да влезе во нашиот свет за кој сум сигурна дека е посреќен од нејзиниот“-вели Доминика Кардуло, мајка на малата Ерато.
Таа објаснува дека за нив, како родители, труматично било тргнувањето во редовно училиште на нивната ќерка, отколку сознанието дека има аутизам. Иако образовниот систем декларативно се залага за инклузија (право на сите деца на образование) лицата со посебно образовни потреби, во пракса е нешто сосема друго, а со токму со тоа се соочило и ова семејство.
Таа додава и дека децата брзо ја прифатиле Ерато, но не и некои родители, кои не сакале дете со аутизам да учи со нивните деца бидејќи сметале дека го нарушува целото одделение.