Животна училница // Приказни
Ема Ананиевска: Поради фактот што не гледам се соочувам со многу проблеми
“Јас сум обична девојка како и сите други . Сум се соочила и сеуште се соочувам со многу проблеми само поради фактот дека не гледам. Моето образование како редовното така и музичкото, беше многу отежнато бидејќи немав никаква литература на Брајово писмо. Поради тоа јас на часови морав многу да внимавам и да памтам што е можно повеќе за кога ќе се вратам дома да пишувам се што се работело на Брајово писмо. Попладне чекав моите родители да се вратат од работа за да можам да седнам да учам и да пишувам домашна задача. Моето учење изгледаше вака, мајка ми ми ги читаше лекциите на диктафон за потоа јас со слушање да учам. Домашните задачи ги пишував така што мајка ми и татко ми ми читаа прашања и јас на брајовата машина одговарав, за на крај тие да го преведуваат на видно писмо тоа што сум го напишала, за да може наставниците да ми ја прегледаат домашната работа. За сето ова беше потребно многу повеќе време од колку да ја имав литературата достапна на Брајово писмо. Лектирите исто така морав да чекам некој од семејството да може да ми ги чита. Во однос на читањето на нотите е уште покомплицирано бидејќи зависам од професорката која ми ги чита, за да го постигнам материјалот кој што е многу обемен, мораме да плаќаме дополнително професор по пијано”- раскажува за Фактор, 22 годишната Ема Ананиевска, апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Целата приказна читајте ја ОВДЕ!