Култура // Настани
Ерик Клептон може да го загуби слухот
Славниот музичар Ерик Клептон за BBC изјавил дека чувствува „шум во внатрешното уво“, но продолжува да работи и во јули ќе свири на Британскиот летен фестивал во Хајд Парк.
„Загрижен сум, го губам слухот“, рекол Клептон, кој лани имаше проблеми со болки во грбот, а подоцна и со болест на периферните нерви.
Гитаристот ќе го намали бројот на концерти, за да не се посрамоти пред своите фанови.