Интервјуа // Интервјуа
Жените сакаат рампноправност
Што ќе донесе Пеленската Револуција? Дали оваа иницијатива е предвремена или навремена? Дали Македонија е подготвена за ваков чекор?
Граѓанската инцијатива „450 Породилно (Пеленска револуција) организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Потребните потписи за почеток на постапката се собрани.
Женски Магазин истражува што ќе добиеме, а што ќе изгубиме.
Разговаравме со Љупка Миладинова Џамбазовски-Менаџер во Албатрос Штип
Женски Магазин: Ќе добијат ли мајките право на избор со „Пеленската револуција“?
Миладинова Џамбазовски: Мајките и сега имаат право на избор после истекот на 9 месеци породилно отсуство да го продолжат отсуството од работа без губење на работното место. А, истовремено во Македонија по истекот на породилно отсуство родителите имаат избор да го згрижат детето во градинка за мал надоместок. Децата се наше богатство, но со одењето на работа не го попречуваме давањето љубов и внимание, растењето ниту воспитувањето.
Женски Магазин: Дали постои можност за дискриминирање на жените на работа?
Миладинова Џамбазовски: Да, постои можност за дискриминација. Постојат случаи во Македонија на полова дискриминација каде на идни мајки не им се продолжуваат договори за работа или им се прекинуваат постоечките. Ова може да ескалира со „Пеленската револуција“.
Женски Магазин: Дали ова ќе донесе социјална сигурност за идните мајки?
Миладинова Џамбазовски: Теоретски можеби да, доколку сметаме дека државата не стимулира да имаме деца. Но, искрено не мислам дека социјалната сигурност има поврзаност со платено долго породилно отсуство. Па, жените се бореа да работат, да бидат рамноправни со мажите иако раѓаат деца. Ова им носи социјална сигурност на мајките!
За Женски Магазин, Вики Чадиковска