Здравко Чолиќ ми беше дечко на четири години

Добивај вести на Viber

На пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ и се исполни детскиот сон. Како дел од имитаторите во четвртата сезона на познатото Тв шоу "Твоето лице звучи познато", таа ја доби задачата (и успеа) да го симне Здравко Чолиќ, со кореографијата во познатиот хит " Главо луда " од 1978 година. Токму тој настап на Здравко со легендарната танцувачка група " Локици ", Тијана вели дека го знае на памет уште од мала. Имитацијата на балканската поп- ѕвезда беше првата задача на Тијана во шоуто кое секоја недела за Македонија го пренесува Сител, а се снима во студиото на ТВ Прва во Белград. Во наредниве месеци ја чекаат уште многу возбудливи имитации. „ Секој лик за имитација сам по себе е предизвик. На секој лик му пристапив со сериозна подготовка, не само вокално, туку и физички. Го студирам ликот подетално, и го обликувам од секој аспект. Некои се бескрајно инспиративни и предизвикувачки, а некои се толку лесни и податливи за беспрекорна и брза подготовка, во случајов мојата прва задача, како на пример Здравко Чолиќ со „ Главо луда“ . Тоа беше оној ТВ настап со чудесните „ Седморица младих “ како „ Локици “ кој го знам на памет со децении наназад, вели Тијана и додава дека е многу напорно, но е и голема радост да се работи на ваков проект. "Бескрајно е забавно на снимањата и на пробите и мислам дека ова шоу е феноменално освежување за целиот регион, а особено за македонската публика", изјави Тијана за Женски магазин.  "Здравко Чолиќ ми беше дечко на четири години", рече Тијана кога ја доби задачата да го имитира. Како нејзини конкуренти, во шоуто во улога на имитартори се и актерите Бранислав Лечиќ и Бане Видаковиќ, пејачките Беби Дол, Мира Шкориќ и Едита Арадиновиќ, актерката Драгана Миќаловиќ, пејачите Стефан Анѓелковиќ и Стефан Димитрикевиќ -Леон, боксерот Ненад Панагонис и актерот Бане Видаковиќ.  Водителка на шоуто е Нина Сеничар, а во улога на жири во текот на дванаесетте емисии ќе ги гледаме актерите Бранко Ѓуриќ -Ѓуро и Андрија Милошевиќ, и пејачката Александра Радовиќ. Секоја емисија има свој победник кој наградата од 1000 евра ќе ја подари во хуманитарна цел по свој избор . Во првата емисија, победи Беби Дол со имитација на Емели Санде. Победникот на целата сезона добива награда од 20,000 евра која исто така ќе биде подарена во хуманитарни цели. Победник во минатата сезона беше македонскиот поп -пејач Даниел Кајмакоски, а во преминатата сезона Елена Ристеска го освои второто место. Имајќи ги во предвид талентите на Тијана не се сомневаме во нејзиниот успех. "Твоето лице звучи познато" е шоу кое во 2011 започна во Шпанија, а две години подоцна доби и своја англиска верзија. Лицeнцата за емитување потоа ја откупија уште 43 светски земји. https://www.youtube.com/watch?v=O5zMghbtdcA&feature=youtu.be За Женски Магазин, со Тијана разговараше Милица Џаровска