Зошто се очајни Зодијаците?

Добивај вести на Viber

Сите понекогаш ги фаќа очај. Каков е хороскопот по ова прашање. Рибите очајуваат поради љубов, Јарците заради критики. Секој знак има своја Ахилова пета. Овен Овните се најнесреќни кога на работа вистински се трудат и не успеваат. Ова се однесува и на училиште. Ситуацијата може да се влоши ако се окружени со луѓе за кои сметаат дека не се толку добри, па им се наметнуваат како авторитети. Ова ги ужаснува дополнително. Бик Биковите најмногу ги депримира секс во врската. Кога се под стрес, сексот им е вентил за негативни емоции. А кога тоа не може да го реализираат, депресијата ги напаѓа. Близнаци Она што може силно да ги погоди Близнаците е чувството дека не се сфатени сериозно. Секое мислење го земаат при срце, со тоа се мачат со денови и си ја уништуваат самодовербата. Рак Очајни се во ситуации кога глумат за да импресионираат, а личноста тоа не го забележува. Уморни од својот неуспех, почнуваат драма, во која тие се главни жртви. Лав Лавовите се величествени плачковци. Луѓето околу нив имаат чувство дека се во театар и гледаат сцена во која умира главниот лик. Причината за тоа е што не биле во центарот на вниманието. Токму затоа сега јавно, гласно и драматично привлекуваат внимание. Девица Тагата и депресијата се природна состојба за овој знак. Очајот е нивна карактерна особина. А изворот си ти, секако. Секогаш некој мора да е виновен за депресијата. Но, никако тие. Вага Кога само би можеле да бидат (не)среќни. Поголем дел од времето го минуваат под маската на добро расположение, а всушност се загрижени и анксиозни. Тие се преоптоварени со размислувањето што се може лошо да тргне. Едноставно не можат без тоа. Шкорпија Уште еден знак на кој му треба секс за да преживее. Напаѓаат секогаш. Кога им е време за лов, се чувствуваат лошо, а лошотијата ги фрла во очај. А кога тие се очајни, сите се очајни. Нонстоп ќе зборуваат за тоа и ќе ги навредуваат луѓето околу себе. Стрелец Тие се во очај кога мора да прават нешто што не им се допаѓа. Тој очај им се прелева на сите животни аспекти. Нивната тага и депресивност може да се сече со нож. Јарец Тие се шегобијци кои ги обожуваат недозволените работи. Најлошо за нив е да ги уловат како прават нешто што не смеат. Тогаш се фрлаат во епизодата на очај, мразат сѐ, а секој кој им стои на патот е негативец. Водолија Тешко е да се замисли расположениот и отворен припадник на овој знак во издание кога е лошо расположен, тажен или депресивен. Тие незадоволството го бараат длабоко во себе. Тие се големи емпати и кога цел свет е мрачен и тажен, тогаш се и тие. Риби Тие се лутат и се чувстваат повредено тогаш кога не ја добиваат љубовта од своите блиски. Сите понекогаш се чувствуваат осамено, но Рибите тоа го претвораат во драматична епизода во која паѓаат во длабока депресија, барајќи ја причината зошто никој не ги сака, често претеруваат.