Ирина израсна нова Снеже во мене

Добивај вести на Viber

ВОДИТЕЛКАТА СНЕЖЕ ВЕЛКОВ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МЕДИУМИТЕ И СТАНА ПИЛАТЕС ИНСТРУКТОРКА Ми требаше пауза, немаше некој нов проект кој ми правеше адреналин. Подолго време во себеси викав дека се изморив од патувања, дека ми треба релаксирање од ТВ и дека сакам да пробам нешто друго, и ете свесно си направив да ми се случи и убаво ми е. Пилатесот ми е љубов голема. Се засакавме пред девет години, а пред некои две станав инструктор [caption id="attachment_2288" align="aligncenter" width="640"] Срцето ми е полно кога на крајот од часот ќе добијам аплауз. - Снеже во сала за вежбање[/caption] Убава, шармантна и духовита, Снеже Велков е успешно ТВ лице за кое јавноста секогаш сакаше да зборува. Од девојчето кое ја водеше тинејџерската емисија „Ред хот“, преку новинарка и уредничка на естрадниот Тв магазин „Бекстејџ“, до македонска домаќинка од Белград во лиценцираните Тв шоуа „Икс фактор“ и „Големиот брат“. И позитивни и озборувачки постови и твитови се појавуваа на социјалните мрежи врзани за нејзиното име за време на тие шоуа, а таа на сите им одговараше со нејзината позната насмевка. Снеже, која е мајка на шестоодделенецот Ален и првачето Дарин, ја гледавме и како водител на утринската програма на ТВ Сител. Во последните месеци, таа се повлече од телевизијата и почна да работи како пилатес инструкторка во „Пауер хаус пилатес“. Сѐ си дојде на свое место, мене ми требаше пауза, немаше некој нов проект кој ми правеше адреналин. Подолго време во себе си викав дека се изморив од патувања дека ми треба релаксирање од ТВ и дека сакам да пробам нешто друго, и ете свесно си направив да ми се случи и убаво ми е“, раскажа Снеже за својата пауза од телевизијата. Пилатесот ми е љубов голема. Се засакавме пред девет години, а пред некои две влеговме во сериозна врска - станав инструктор. Чудна некоја енергија на поврзување и завист има меѓу мене и вежбањето. Ненормална моќ на привлекување и недостаток. Чудо едно разбирливо само за оние кои навлегле и со умот и со телото во оваа дисциплина. Она: „пропушти искачанка, пропушти оброк, не пропуштај тренинг“ е мое мото последниве години. Пилатесот ми е прво љубов, па професија.“, одговара Снеже за нејзината нова страст. Вели дека на пилатес ја навлекле прво другарките, и ја оставиле да ужива во нејзината зависност од него. А идејата за да стане инструктор и ја всадиле нејзините први две инструкторки Ирина и Ивана. Инструкторката Ирина Митевска, ненадејно почина во мај оваа година на 41 возраст. [caption id="attachment_2287" align="aligncenter" width="640"] Секој час ми е како јавен настап. Морам да сум средена, насмеана, подготвена. Исто како на ТВ[/caption] Знаете колку само одважно ми изгледаа тие две таму застанати напред, гордо исправени и точно секое движење им беше одмерено и елегантно, како танцување, се им одеше така лесно. Си ветив дека сакам да бидам една од нив. Напорно вежбав. Од 2008 година, за дури во 2015 кога со Ирина се договоривме дека можам да се обидам, почнав да навлегувам во инструкторството. Ау, која трема беше првиот час. Нешто нешто како пред камера. А и полошо - тука добиваш директно поглед на одобрување или критикување. Не индиректно како пред ТВ екран. Ирина ми беше ментор, колку само часови заеднички имавме, па не вака, па почни така. Напорно, но не жалам за ни еден момент. Мојата желба и сон ми се остварија. Благодарение на вербата на Ирина во мене и мојата упорност да не отстапам кога цело тело ме болеше и глас не ме држеше. И учам секој ден и секој час“, зборува Снеже за својата инспирација. Својата инструкторка и пријателка Ирина, ја паметам како жена која секогаш беше насмеана, полна со нови идеи и со едно мото „Ајде можете“. „Овие нејзини зборови секогаш ми се во мислите и мене и на сите инструктори кои останавме: Кате, Ана, Стив, Марија, Јована, Благица и јас. Студиото го презема да го води сестра и на Ирина, а оперативниот дел е на нејзината долгодишна соработничка и сега наш лидер на тимот Ивана Каратукова. А Ирина проклето ми фали и ден денес. А сите ние, секојдневно се трудиме да ја одржиме нејзина мисија и идеја за здрав живот и креативно и забавно вежбање“, ни раскажа Снеже. Интересен одговор даде и на прашањето; Како реагираат на тебе како јавна личност жените што ти доаѓаат на тренинзи? Прво ме гледаат со прашалник. Од типот: од кај ми е позната девојкава? Потоа го слушаат мојот глас, па малку им станува појасно, но никако не им се спојуваат тие две лица. Снеже која на екран изгледа крупна и строга, нашминкана и со штикли со оваа Снеже сосема природна, без трошка шминка, со патики, испотена, слабичка, малечка а така брза во движењата, хахаха. На крај од часот ќе ме прашаат дали сум таа за да си потврдат и секогаш е тоа она срамежливо и симпатично: Да, знаев дека си ти ама многу малечка си“, изјави Снеже за „Женски магазин“,  додавајќи дека и е мило што девојките и ја даваат довербата, ја гледаат и ја слушаат со внимание, ја прашуваат, бараат совет. „А мене срцето ми е полно кога на крајот од часот ќе добијам аплауз“. Правилото за добра форма на Снеже е дека телото се прави во кујна, а во сала само се обликува. Ако се вежба, а не се смени ништо во исхраната, може да дојде и до здебелување. Мастите не се топат, на тоа додавате мускулна маса која тежи повеќе. Маста се наоѓа помеѓу кожата и мускулот, мускулот расте обемот се зголемува. Значи прво кујна, па после сала. Кога да почнете? Веднаш!“, раскажа Снеже и продолжи за нејзиниот начин на исхрана. [caption id="attachment_2285" align="aligncenter" width="640"] Јас ја имам таа среќа велат, а јас велам несреќа да сум интолерантна на некои работи како млеко и млечни производи, јајца, месо, бело брашно. Секоја комбинација на овие продукти ми прави голем проблем на организмот како повраќање и отекување[/caption] Јас ја имам таа среќа велат, а јас велам несреќа да сум интолерантна на некои работи како млеко и млечни производи, јајца, месо, бело брашно. Секоја комбинација на овие продукти ми прави голем проблем на организмот како повраќање и отекување. Па генерално исхраната ми е сведена на овошје зеленчук и риба. Здрава храна во секој случај“, искрена е Снеже за својата алергија. И по дома таа обожава да готви, да сервира и да декорира. Пржена и похована храна и јадења без многу сосови, додатоци се нивното домашно мени. Јас до сега ни еднаш немам испржено риба или помфрит. Кај нас се тоа се пече. Месо исто не пржиме. Се става во тавче со вода и во рерна на тивко динстување. Пржени ќофтиња не-ние ги печеме. Манџички и супи задолжително секој втор ден. Салата и овошје секој ден. Фаст фуд дозволено еднаш до два пати во месецот. Благо? Највкусно е дома зготвеното трилече, ама сладолед може да се касне и надвор“, открива Снеже и додава дека омилена активност по утринскиот пилатес и е шетање низ пазарчето Буњаковец и купување на свежо овошје и зеленчук. Дарин има шест години и прваче, Ален има 11 и е во шесто одделение. Различни се во изглед и во карактер. Едниот е со кафени очи и кафена коса на тато, а малиот руса коса и сини очи на мама. Ален е по науката, Дарин по механиката. На сите заедничка ни е желбата за патување. Само да сме во кола и на шетање. Уживаме и се смееме секогаш“, вели Снеже за своето семејство. Со сопругот Дарко, таа е во брак од 2006 година. За крај, Снеже го спореди пилатесот со телевизијата. „Секој час ми е како јавен настап. Морам да сум средена, насмеана, подготвена. Исто како на ТВ. Девојките се тука дојдени да извежбаат, да се наполнат со енергија и не им треба намуртена, млитава учителка. Исто е и на ТВ. Те боли глава? Насмевка! Не ти е денот - насмевка. Така го компензирам недостигот од телевизија“, вели Снеже и додава: „Ќе се вратам на телевизија кога нешто баш ќе ми ги размрда сетилата, кога адреналинот ќе ме мавне во глава за нешто поинакво, нова Снеже. Можеби посериозна, можеби со истражувачка мисија. Или нешто околу вежбање, слабеење нешто такво би ми направило ептен ќеиф“. [caption id="attachment_2286" align="aligncenter" width="640"] Срцето ми е полно кога на крајот од часот ќе добијам аплауз. - Снеже во сала за вежбање[/caption] За Женски Магазин, Милица Џаровска