Животна училница // Приказни
Истражување потврдува: Луѓето постари од 40 години треба да работат само 3 дена неделно!
Доколку имате 40+ години и почнувате да мислите дека повеќе не сте во можност целосно да се фокусирате и да паметите факти, може да вперите прст во вашата работа како фактор кој придонесува до тоа.
Неодамнешна истражувачка студија која ја правеле експерти од Institute of Applied Economic and Social Research (Институтот за примена на економијата и општествени истражувања) од Мелбурн дошле до интересни резултати, пишува Science punch.
Имено, додека работата до 30 часа неделно е добра за когнитивните функции во четвртото десетлетие од животот, секој дополнителен напор предизвикува намалување на продуктивноста на личноста.
Всушност, луѓето кои работеле 55 часа неделно или повеќе имале најголем пад во когнитивните способности, поголем од оние кои биле невработени, во пензија или воопшто не работеле. Истражувањето опфатило 3500 жени и 300 мажи постари од 40 години.
Додека лицата го решавале тестот на когнитивни функции, нивната ефикасност на работа исто така е набљудувана. Тестот познат како Household Income and Labo ur Dynamics во австралиската студија мерело колку тие личности се способни да ги читаат зборовите наглас, да спојуваат реченици и броеви и да рецитираат листа со броеви.
Авторот на овој тест, професорот Колин Мекензи од Универзитетот во Мелбурн напоменува дека и „знаењето“ и „размислувањето“ се значајни индикатори. Тестовите на читање се елемент на „знаење“ во способноста, додека „размислувањето“ ја содржи меморијата, дејствувачки и апстрактно размислување.
Додека за одредени степени на интелектуална стимулација се верува дека користи задржување на когнитивни функции во повозрасен период, како сложувалки судоку, кои го чуваат капацитетот на мозокот кај постарите луѓе, претерана стимулација има спротивен ефект.
Професорот Мекензи рекол за британските медиуми дека многу земји целат на зголемување на годината за пензија (продолжување на работниот век), форсирајќи ги луѓето да работат подолго бидејќи така нема да може да бараат старосни бенефиции (пензија) до подоцнежни години.
Неговото мислење е дека количината на работа може да биде значајно релевантна за ова.
Степенот на интелектуални стимулации може да зависи од работното време и работни часови. Работата може да биде меч со две острилки. Од една страна може да ја поттикне мозочната активност, додека истовремено подолга работа може да доведе до исцрпување и стрес, што потенцијално ги уништува когнитивните функции.
Мекензи верува дека работата на нецелосно работно време може да користи во зачувување на мозочните функции во средни и повозрасни години. Затоа се поставува прашањето дали треба луѓето кои тоа можеле да си го дозволат ќе ги редуцираат нивните работни часови и дали типот на работа претставува значаен фактор во тоа?
Некој би помислил дека помалку стресната работа која ја сака би предизвикала помала штета со оглед на нивото на стрес и исцрпеност. Сепак, тестот не анализира како видот на работата влијае на резултатите, затоа тоа допрва треба да се истражи.
Професорот Мекензи објаснува: „Многу е тешко да се идентификува каузалниот ефект на видот на работата врз когнитивните функции. Луѓето може да се насочат на одредени професии согласно нивните когнитивни способности.“ Навистина, професиите кои вклучуваат долга работа под стрес, во натпреварувачки, подрачја кои имаат поголема побарувачка генерално ќе го оштетат здравјето на личноста.
Бидејќи повеќето од нас се присилени да продолжат да работат по 40-тата година, станува клучно да се грижиме за своето здравје, да ги поминуваме празниците одмарајќи се и да го продолжиме слободното време. Професорот Мекезни сугерира дека „Да се работи целосно работно време-преку 40 часа – е уште подобро отколку да не се работи со оглед на зачувување на когнитивните функции, но тоа не ги максимизира потенцијалните ефекти на работа.“
Изгледа дека рамнотежата е неопходно, посебно со оглед на тоа дека владите на некои земји планираат да воведат целосно работно време до 67-година кога луѓето ќе може да одат во пензија.