,

Какви пораки носат анимираните филмови со девојчиња во главните улоги?

Добивај вести на Viber

И модерните анимирани филмови можат да помогнат во промовирање на сила и единственост каква што имаат девојчињата, а едукаторката Ива Брчиќ најдобро за тоа може да посведочи бидејќи како рецензентка на филмови за деца, сите ги изгледала… Во последните неколку години во детските анимирани филмови доминираат девојчиња кои ги отфрлаат стереотипите и она што им го наметнува општеството, тие тргнуваат во авантура за да го остварат она што го сакаат или пак се одлучиле да го работат она што го сакаат, па дури и покрај противењето на заедницата. https://www.youtube.com/watch?v=cPAbx5kgCJo Би можеле да речеме дека такво нешто било и тоа како потребно. Иако живееме во модерно општество, стереотипите им се наметнуваат на девојчиња уште од најрана возраст. Да речеме посетувате продавница со детска облека. Девојчињата се осудени на розева боја со пораки како јас сум принцеза или пак јас сум најубава, додека на момчињата во сино руво им се јакне самодовербата со пораки како „јас сум јунак“, „јас сум силен“ и слично. Во продавници со играчки ситуацијата не е ништо подобра. Играчките за девојчиња и момчиња освен што се стереотипизирани, уште од најрани денови ги подготвуваат децата на родни улоги. Девојчињата се предодредени да бидат грижливи мајки, а момчињата силни војници. https://www.youtube.com/watch?v=L0MK7qz13bU Филмот „Снежната кралица 3: Оган и мраз“ покажа дека девојчињата можат да бидат и тоа како силни и храбри. Девојчињата не се само убави членови на семејството, туку дека се способни за големи работи. Токму девојчето Греда благодарение на својата самодоверба и мудри одлуки го спасила светот. Слично е и со девојчињата од филмот Moana. Од најрано детство е одгледана да биде еден ден грижлива мајка, а не да размислува за патувања по мориња или истражувања. И покрај тоа што нејзиниот остров ќе се најде во опасност, таа одлучила нешто да преземе и покрај негодувањето на татко си и старешината дека тоа не е должност на една девојка. На сите добро им е познат и филмот „Ледено кралство“. Во него е покажано дека девојките не мора само да ги следат туѓите одлуки, туку дека треба да веруваат во себе и дека можат да бидат водачи. Дека не треба да се срамат од своите способности, ниту својата ранливост, односно да зависат од тоа што ќе речат другите. Сега тие убави пораки би требало да се имплементираат во општеството, па на маички со сина боја на која пишува Јунак  да можеме да најдеме и кај облеката за девојчиња.