,

Како Пепси отвори ресторан од својот маркетинг буџет?

Добивај вести на Viber

Модерниот Kola House , сместен на Менхетен кој нуди иновативна американска кујна и фамозни коктели е една од последните иновативи од маркетинг тимот на Пепси .  Со години маркетинг тимовите на Пепси и Кока Кола се натпреваруваат во поиновативни начини на промовирање на брендот, познати како "Kola Wars"". Тимот на PepsiCo секогаш се обидувал да се оддвои од својот ривал Coca-Cola со маркетирање на последните треднови на Американците. Едни од најпознатите маркетинг идеи вклучуваат создавањето на Crystal Pepsi , а отворањето на ресторан од буџетот предвиден за маркетинг е уште еден пример на тренд за да се пристапи на младите генерации. Аријана Коскарова, професор по Адвертајзинг на Академијата за Маркетинг и ПР  која имаше можност да го посети Kola House и да разговара со Кевин Хувер, маркетинг директор во PepsiCo. Аријана Коскарова: Здраво , ти благодарам што ја прифати понудата да ја споделиш со нашите читатели стратегијата на PepsiCo. Во Февруари ја отвораме нашата прва Академија за Маркетинг и ПР  и навистина е значајно за нас да споделиме со нашите студенти иновативни маркетинг стратегии од светски бреднови. Кевин Хувер : Ти благодарам за понудата и тебе што те познавам лично, и многу ми е чест да бидам дел и да допринесам за студентите на Вашата Академија за Маркетинг и ПР. Аријана Коскарова: Од каде идејата за отворање на ресторан? Кевин Хувер: Пепси е секогаш насочен кон тоа да им пренесе искуство на клиентите на еден иновативен начин. Отворањето на ресторан од нашиот маркетинг буџет е само еден дел да вложиме во тоа исксутво. Аријана Коскарова: Со отворањето на ресторан, магазинот Тајмс посочи дека сакате да им се доближите на "идните генерации". Кое е Вашето видување на тоа? Кевин Хувер: Луѓето ќе го сакаат вашиот бренд затоашто тој бренд создава исуство, но истовремено не сакаат да го гледаат истиот тој бренд цело време. Начинот на кој ќе зборува вашиот бренд со нив токму треба да го долови тоа. Да биде едноставен, елегантен, забавен. А каде е подобро место за тоа искуство од еден модерен lounge bar? Аријана Коскарова: Она што ми остави впечаток мене кога бев во Kola House е дека нигде неможеше да се забележи ни една реклама на Пепси. Дури и да неможе да се препознае дека станува збор за ресторан кој е во сопственост на Пепси. Да не ми кажеше ти можеби немаше ни да помислам. Кевин Хувер: Како што реков, луѓето не сакаат да го гледаат вашиот бренд цело време. Ако ставиме Пепси знаци на секој чекор луѓето ќе помислат дека станува збор за Музеј на Пепси, а не за модерен ресторан. Сепак, ќе те поправам, во Kola House, сепак имаме едно место, кое потсетува на Пепси. Но нема да откријам ќе оставам на Вашите читатели да го посетат Kola House,  и да го пронајдат тој детал сами.