,

Кејт Аптон го обвинува шефот на Guess за сексуално вознемирување

Добивај вести на Viber

Американскиот модел и актерка Кејт Аптон го обвини во сексуални напади еден од основачите на брендот Guess - дизајнерот Пол Марчиано, објави "USA Today". "Огорченa сум што таков култен моден бренд како Guess сеуште му овозможува на Пол Марчиано да ја врши функцијата на креативен директор", напиша на Twitter 25-годишната Аптон. Нејзината објава беше дополнета со хаштагот #MeToo. На овој начин, моделот се приклучи на онлајн движењето против сексуална злоупотреба. "Не требаше на Марчиано да му биде дозволено да го користи своето влијание во модната индустрија, за ги да малтретира сексуално и емотивно жените", додаде подоцна Аптон во нејзиниот профил на Instagram. Според напишаното, моделката не ги специфицира видовите на прекршувања кои се сретнуваат. Ниту Guess ниту Марчиано сеуште не ги коментираа овие обвинувања.