Животна училница // Приказни
Клучот за среќа во врската е нешто неочекувано едноставно
Подобро е да почнеме врска со најдобриот од можните партнери околу нас, отколку да бараме совршена половина, покажува новото истражување. Нашето задоволство од партнерот зависи директно од другите можности кои сме ги имале на располагање - нешто што научниците во областа го нарекуваат dating pool. Тоа е множество на луѓе со кои имаме шанса за врска и од кои на крајот избираме со кого да се впуштиме во авантура.
Среќата и задоволството не се толку апсолутни колку што мислиме, забележува д-р Даниел Конрои-Бим, првиот автор на студијата: „Немаме потреба од идеални партнери, за да постигнеме блаженство во односите. Наместо тоа задоволни сме тогаш кога сме го избрале најдобриот, кој бил на располагање.“
Истражувањето опфаќа 259 мажи и жени, кои биле во врска по 7,5 години. Учесниците се прашани за квалитетите кои ги бараат кај потенцијалниот партнер. Меѓу нив се: интелигенција, здравје, одговорност, сексуална привлечност.
Повеќето луѓе кои го сметале партнерот за подобар од нив, биле задоволни од врската (не изненадувачки!). Но дури и оние кои сметале дека се подобри од својот партнер, биле доволно задоволни ако тој им бил најдобар можен од сите кои им биле на располагање пред почетокот на врската.
Научниците исто така ги истражувале напорите кои секој човек ги поставува за да го задржи сегашниот партнер. Сосема очекувано, сметаат дека нивниот партнер е подобар од нив или поблиску до нивниот идеал, и вложуваат повеќе напори.