За прв пат во Македонија се случи ексклузивен настан посветен на жените конференција „100 Жени Претприемачки“.
„Business ladies – Забава, инспирација, мотивација, вмрежување“
Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска со пригоден говор ја отвори конференцијата „100 жени претприемачки“.
Таа нагласи дека ѝ е драго што има толку заинтересирани да учествуваат на конференцијата. Според неа, во време на глобализација, развојот на општеството и економијата не може да оствари ако се водиме по стереотипи кои жената ја врзуваат само за домот, за семејството.
- „Во 21 век мора да разбереме, пред сè овде на Балканот, дека определбата на жените за да балансираат меѓу приватното и професионалното, меѓу семејството и кариерата, може да биде надополнување, надоградување. Борбата против овие културни ограничувања, надминување на психолошките бариери кои едно општество ги поставува во однос на жените-претприемачи, станува темелна потребна и е неопходна ако сакаме долгорочни економски резултати. Така ќе се ослободи еден огромен потенцијал и тоа со економски капацитети кој со децении лежи потиснат кај женската популација“ – изјави Апостолска.
На оваа конференција присуствуваат жени коишто се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор.
Во своето излагање Дијана Кобас - Дешков иќ од Хрватска, креаторка на методот „Мамфорс истакна: „Во потсвеста на луѓето сè уште постои мислењето дека жените се помалку компетентни од мажите. Ако во минатото жените биле примарни негуватели, а мажите примарни хранилници, таа слика во денешното општество е сменета и различна. Жените сè повеќе се качуваат на скалата на хиерархија, но и понатаму имаат помали плати од мажите, нивниот потенцијал не е доволно искористен“
Конференцијата е во организација на „Kasia Еvents“.
Женскиот потенцијал во земјите од регионот не е доволно препознаен и искористен. Според статистиката, од вкупниот број вработени во земјава, 35 проценти се жени, а 56 мажи. Во Европа, во просек 55 проценти вработени се жени.