,

Лекари откриваат: Мажите уште денес би можеле да раѓаат деца

Добивај вести на Viber

Доктор Ричард Паулсон, водечки светски авторитет за плодност, неодамна одржа предавање на годишниот собир на Американското друштво за Репродуктивна медицина на кој ги претстави доказите дека не постои ниту една анатомска пречка за пресадување на функционална матка во трансродова жена, пишува Индепендент. - Тоа можеме уште утре да го направиме. Секако дека постојат некои дополнителни предизвици, но не гледам ниту еден очигледен проблем кој би спречил успешна трансплантација на матката. Особено сметам дека постојат трансродови жени кои сакаат да имаат матка и многу веројатно е дека ќе се подложат на оваа операција-објаснил др. Паулсон. Додал дека иако мажите и жените имаат поинаку формирана карлица дека има доволно место да се всади матка. Но самата процедура е многу комплицирана и многу е веројатно дека трансродовите жени нема да може да имаат класично породување туку дека ќе одат на царски рез. Иако постојат значајни поместувања во овој вид на истражување, трансплантацијата на матка уште спаѓа во експериментална процедура. Исто така, британските научници се загрижени дека обидот на оплодување на една клетка и вградување на истата во матката на трансродова личност би можело да биде неетичко и дека постои голем ризик за фетусот. - Иако имплементацијата на оплодена јајце клетка во трансродова личност би имала психолошки добро влијание на идниот родител, ваквата процедура треба етички да се избегнува бидејќи постои голема опасност детето да има психички последици поради нетипично раѓање и улога во семејството-напоменува Јулијан Савулеску, професор по етика на Оксфорд. Од 2014 година во Шведска се родени барем пет бебиња кои првите девет месеци ги поминале во пресадена матка, а во Велика Британија тоа се планира дури идните години. Во овој момент во Велика Британија има закон од 2008 година кој забранува оплоден ембрион да се пренесе во матка на маж.