Македонија пак ќе го скокне Мис на светот

Добивај вести на Viber

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД НЕМАМЕ ПРЕТСТАВНИЧКА НА НАЈСТАРИОТ СВЕТСКИ ИЗБОР ЗА УБАВИНА Сто и дваесет девојки од целиот свет ќе дефилираат на натпреварот кој ја носи девизата „убавина со цел“. Македонија не е меѓу нив. Лидија Велковска, сопственичката на лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот, лани поради финансиски причини не испрати девојка на изборот. Таа не одговори на нашите повици и пораки со прашање зошто и годинава паузираме од Мис на светот. Втора година по ред, Македонија нема да има претставничка на Мис на светот, најстариот светски избор за убавина. Годинава, тој по 67. пат ќе се одржи на 18 ноември, во градот Саниа, на островот Хаинан во Кина. Сто и дваесет девојки од целиот свет ќе дефилираат на натпреварот кој ја носи девизата „убавина со цел“. Македонија не е меѓу нив. Лидија Велковска, сопственичката на лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот, и лани поради финансиски причини не испрати девојка на изборот. Велковска тогаш изјави дека не успеала да најде спонзори кои ќе ги покријат трошоците на нашата претставничка на Мис на светот 2016, кој се одржа во Вашингтон, САД. Таа не одговори на нашите повици и пораки со прашање зошто и годинава паузираме. Последна, и сè уште актуелна Мис на Македонија е Емилија Розман, наш познат модел, водителка, студент по дефектологија и волонтер во Црвениот крст. Велковска ја испрати Розман на Мис на светот 2015 во Саниа, Кина, како нејзин интерен избор. И покрај тоа што не беше организиран јавен кастинг или шоу на кое со публика ќе се избере најубавата Македонка,  јавноста се согласи со изборот на организаторката поради квалитетите на Розман. [caption id="attachment_2638" align="alignleft" width="450"] Прекланската, и сè уште актуелна Мис на Македонија за Мис на светот, Емилија Розман[/caption] Во 2014 година се случи јавен скандал, а Македонија исто така немаше кандидатка на Мис на светот. Лидија Велковска првично, закажа жирирање на десетина девојки во еден скопски хотел, и една од нив требаше да се избере за Мис на Македонија. Во комисија беа новинари, доктори и поранешни манекени. Среде настанот, Велковска набрзина соопшти дека тоа не е избор за Мис на Македонија, туку само кастинг. Вчудовидени од таа нејзина изјава беа девојките кои мислеа дека една од нив ќе биде избрана за Мис. И жири комисијата беше шокирана, во поканата им беше најавено дека таа вечер ќе се одржи избор за Мис, а не кастинг. Неколку дена по тој настан, Лидија Велковска најави избор за Мис на Македонија во една скопска дискотека. Во изборот на кандидатки и помогна Мики Црнокрак, поголемиот дел од натпреварувачките беа од неговото модно студио „Црнокрак“. Водителката Светлана Црнокрак го најави стартот на настанот, жири комисијата доби листа со имиња и броеви на девојките, и повторно шок за сите присутни. На списокот не пишуваше Мис на Македонија 2014, туку кастинг за Мис на Македонија 2015 година. Никој од присутните, почнувајќи од сопственикот на дискотеката, Мики и Светлана Црнокрак, спонзорот, ниту жири комисијата не знаеше дека Велковска организира уште еден кастинг. „Оваа година Македонија нема да има девојка за Мис на светот. Се собравме овде за да избираме потенцијални кандидатки за следната година“, им објасни Лидија Велковска на присутните. Потоа следеа низа преписки и прес конференции на кои јавно се плукаа Велковска и нејзиниот спонзор Ристо Димовски, Македонец кој живее во Австралија. Велковска беше Мис на Југославија за 1975 година, и на изборот за Мис на светот во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон го освои високото четврто место. Лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот ја има од 1996 година, која како тогашна наша Мис ја искористи Вера Мештеровиќ. Секоја година, таа се соочува со финансиски проблеми околу трошоците за патувањето и претставувањето на македонските Мис. Повеќето од девојките јавно се пожалија дека самите морале да ги сносат трошоците. Остана запаметена изјавата на Марија Васиќ, убавица за 2003 година која рече: „Јас не сум Мис на Македонија, јас сум Мис на мама и на тато. Тие ми ги платија трошоците за патувањето во Кина. [caption id="attachment_2637" align="alignright" width="300"] За Мис на Македонија, неколку пати бараше парична помош од Државата. - организаторката Лидија Велковска, Мис на Југославија за 1975 година[/caption] Во неколку наврати, Лидија бараше помош од Владата, и од Маја Иванова, сопругата на Претседателот Ѓорге Иванов, и беше одбиена. „Мис на Македонија е настан од државен интерес и треба да ги засега сите повисоки институции“, изјави претходно Велковска. И по сите критики од јавноста за киксовите околу организацијата, таа рече дека за одржување на лиценцата за Мис на светот на годишно ниво плаќа сума од неколку илјади евра од свој џеб, и не планира никому да ја продаде додека е жива. По победата на Вера Мештеровиќ во 1996 година, Македонија паузираше со избор за најубава Македонка за Мис на светот до 2001 година. [caption id="attachment_2634" align="aligncenter" width="960"] Првата Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година, Вера Мештеровиќ[/caption] Единствени пристојно организирани настани се случија првите три години: во 2001 кога беше избрана Сандра Спасовска во Македонската опера и балет, во 2002 година на истото место со победа на нејзината сестра, Јасна Спасовска и во 2003 година кога во Универзалната сала победи Марија Васиќ. Во 2004 година, во импровизирана емисија во Тв студио победи Сара Леши. Следната, 2005 година Мис на Македонија се одржа во скопски ресторан. Медиумите не беа поканети и не им беше обезбедено место, а победи Милена Станивуковиќ. Следниот Мис, заедно со избор за Мистер се одржа на паркинг пред хотел-казино во Гевгелија а титулата за 2006 ја однесе Марија Вегова. Актерката Јана Стојановска беше Мис на Македонија во 2007 година, а изборот се одржа во скопска дискотека. Во 2008 година, Велковска интерно ја избра Сузана Ал Салкини, но поради немање средства таа не отпатува на Мис на светот. Лидија и се одолжи на Сузана следната година, и таа стана Мис за 2009 година. Во 2010, настанот повеќе личеше на свадба отколку на избор за Мис. Се одржа на хотелска тераса во скопско Визбегово, а гостите непристојно им дофрлаа на кандидатките за Мис. Победи Стефани Борсова. Весна Јакимовска во 2011 и Анета Стојкоска во 2012 исто така беа избрани на хотелска тераса хотел на излез од Скопје. Кристина Спасеновска во скопска дискотека беше избрана за Мис во 2013 година. Ланската Мис на светот Стефани Дел Вел од Порто Рико, на 18 ноември во Кина ќе и ја предаде круната на својата наследничка. [caption id="attachment_2636" align="aligncenter" width="960"] Ланската Мис на светот Стефани Дел Вел од Порто Рико, на 18 ноември во Кина ќе и ја предаде круната на својата наследничка. - лани со придружничките[/caption] Сите републики од поранешна Југославија, како и соседите Бугарија, Албанија и Грција се на листата на 120-те кои испратија свои натпреварувачки на Мис на светот, но не и Македонија. За Женски Магазин, Милица Џаровска