Познатиот бренд Lovecats потпишан од модната дизајнерка Ивана Кнез од денеска ексклузивно може да го купите во парфимериите Anabella. Оваа сабота модните зависници може да си купат 2 парчиња Lovecats и со тоа да добијат 30% попуст. Интересна лимитарна едиција на #lovebox е идеален подарок за новогодишните празници која ќе биде достапна само во нивните продавници.
„Lovecats е препознатлив бренд кој решивме освен во Драма Студио, ексклузивно да се може да го купите и во парфимериите Anabella. Ова е почеток на една приказна за нас која ќе се развива постепено и освен во Македонија, да бидеме достапни и во останатите соседни земји“ велат од Драма Студио.
Соработката произлегла од потребите на брендот и продавниците за ексклузивни уникатни парчиња.
„Anabella е место во кое може да се купат сите познати брендови за убавина и мода, со тоа што предизвик ни беше да се започне со продажба на македонскиот бренд Lovecats. Веруваме дека ексклузивитетот ќе придонесе успех за двете страни со можност за зголемување на палетата производи, произлезени како потреба од нашите верни купувачи“ додаваат од Anabella.
Anabella парфимерии свои продажни места имаат во Skopje City Mall, Мериот, Битола, Охрид и Штип.