МАЛИНКОВА ПРОСЛАВИ 15 ГОДИНИ БРАК: Ми дојде на свирка, по неполна година се зедовме

Добивај вести на Viber

Кире знае што е добро, а што не за мене, но секогаш остава јас да ја дадам конечната одлука. Не ми замерува на провокативните фотосесии. Еротиката продава, а тој нема предрасуди на оваа тема. Разголувањето е нормална работа на естрадата, знае дека сум професионалец и затоа ме поддржува, вели познатата пејачка [caption id="attachment_4649" align="aligncenter" width="640"] Сопругот на Наташа потекнува од музичко семејство, во адолесцентните години бил диџеј[/caption] Пејачката Наташа Малинкова прослави 15 години брак. Со сопругот Кире секогаш наздравуваат со иста мисла, колку бргу им лета времето и затоа, како што вели, максимално уживаат во заедничките моменти. Годишнината се поклопила со промоцијата на нејзиниот последен сингл „Ново време“ и денот им почнал работно, но сепак го заокружиле опуштено со романтична вечера. - Се запознавме во ноќен клуб во Кавадарци во периодот кога имав редовни настапи со групата „Багаж“. Во истиот момент почувствувавме хемија, почнавме да излегуваме и по неполна година одлучивме врската да ја официјализираме. По една година се роди нашата прва ќерка Султана, а една деценија подоцна ја добивме и Емилија–раскажува Малинкова. Нејзиниот партнер потекнува од музичко семејство, во адолесцентните години бил диџеј и има разбирање за нејзината кариера. - Знае што е добро, а што не за мене, но секогаш остава јас да ја дадам конечната одлука. Не ми замерува на провокативните фотосесии. Еротиката продава, а тој нема предрасуди на оваа тема. Разголувањето е нормална работа на естрадата, знае дека сум професионалец и затоа ме поддржува - вели таа. [caption id="attachment_4650" align="aligncenter" width="640"] Пејачката има две ќерки, Султана и Емилија[/caption] Наташа на 14 ноември ќе настапи на јубилејното десетто издание на македонскиот радио фестивал „МАРС“ каде ќе ѝ биде врачено признание за нејзиниот актуелен хит „Хеј мама“. Песната е дело на нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов и нагласува дека станува збор за биографска тема. - Авторот на стиховите одлично ме познава, знае каква сум и зад камерите кога рефлекторите ќе се исклучат. Во оваа нумера ме опишува мене, но и сите урбани жени и мајки. Овој проект е посвета за еманципирани и храбри дами кои знаат да си го организираат денот и да функционираат на повеќе полиња – појаснува пејачката. Изминативе месеци таа сними повеќе композиции кои се планирани за албум, но до издавањето на цедето фановите ќе ги израдува со уште неколку синглови. - Поради постојаните настапи по дискотеките, сфатив дека публиката бара поенергичен и помодерен звук. Токму тоа го имам на новиот материјал–открива Малинкова. [caption id="attachment_4651" align="aligncenter" width="640"] Малинкова во вторник ќе настапи на јубилејното десетто издание на „МАРС“[/caption] И покрај плановите за посериозен пробив на домашната поп-сцена, вели дека ќе продолжи да ја гради кариерата од родното Кавадарци. - Не чувствувам хендикеп што не сум во Скопје затоа што и вака одлично можам да функционирам. Покрај семејството, во Кавадарци ме врзува и работата. Имаме салон за мебел кој успешно опстанува повеќе од две децении. Секојдневно сум ангажирана, а за викендите настапувам – вели Малинкова. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов