,

Маја готви со љубов

Добивај вести на Viber

Ви ја преставуваме Маја Зивчевиќ.  Таа е гурман и вљубеник во храната и се што е поврзано со неа. Во следниот период за Женски Магазин ќе ни ги позајмува нејзините домашни рецепти . Кујната е моето омилено место,  where the magic happens.- открива Маја. Иако дипломирав комуникологија, сметам дека готвењето е она што ме прави среќна и исполнета од аспект на професија. Животот во куфери до некаде и ме опишува, бидејќи сум весела и темпераментна личност, а мојот дом е моето семејство. Ние постојано патуваме поради сопругот, кошаркарот Ненад Зивчевиќ. И двајцата сметаме дека нашето дете треба да расте во здраво и хармонично семејство. Моето време, од овие причини е посветено на ќерката и на оброците на семејството, кои се здрави и хранливи. Најдраго ми е кога и мојата ќерка бара да ми помага во кујната и да готви, затоа што здравите навики се учат од мали нозе. А здравјето низ уста влегува нели?! Се надевам ќе уживате заедно со мене. Во вторник очекувајте го нејзиното мени во пакет со рецептот за подготвување.