Маџиров гостин во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград

Добивај вести на Viber

Македонскиот писател Никола Маџиров е гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамките на т.н. Крокодилова книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“, на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите. Маџиров е добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Во 2014 британскиот Guardian ја објави листата на најдобрите педесет љубовни песни напишани во последните 50 години, на која се најде и македонскиот поет Никола Маџиров со песната „Кога некој заминува сè што е создадено се враќа“.