Молкот не е љубов

Добивај вести на Viber

не е љубов чупче ако не се караш и да премолчуваш ко да не се случило нештото не е љубов да ја ведниш глата демек се сложваш а внатре во затворената уста лоши зборој да се прпелкаат не е љубов да се прајш оти ништо не ти пречи и оти што и да е, ти простум ќе го миниш лажењето љубов не е ниту пак некогаш ќе биди викај! викај и карај се ако нешто не ти чини да крениш џева да се искараш со него и ич да не ти е гајле да си кажиш и отров во душата да не збираш оти еден ден и ти и тој ќе се задушите од изголтани зборој и ќе се отруете од бесот кој сте го збирале оти еден ден ко лавина се’ низ планина ќе тргни и нема тука сопирачка нема усул поќе оти полоша лавина од куп грди зборој нема чупе зато не чувај бес во себе и нему да му кажиш да не ти ќути и да не ти се плаши ич и да викате еден на друг да си олесните на душите и зло во себе да не збирате и да се искарате страшно не е дур навечер заедно си легнувате и лице в лице свртени заспивате а дланките една во друг ви се пикнати и здивојте ви се мешаат не е љубов ако не се караш ами љубовта широка и голема е знае да простува и да се извинув а знае покорно на колена да падни и знае глата гордо горе да ја крени ама љубов не е ако се молчи и не е љубов ако во очи се гледа и се лажи не е љубов ако зад насмевката песјаците ги остриш ниту ако зад милиот збор сабји криеш не е љубов ако медовина подаваш со раце во отров натопени пиле чупе мое љубов е кога вистината од уста ти се тркала и тогаш кога знаеш дека скапо ќе те чини љубов е кога ќе го пуштиш да си оди оти знаеш дека среќа нема да му дојсиш љубов е кога ќе му поможиш да те заборај иако ти цел живот ќе го памтиш љубов е кога срцето ќе му го дадеш неосетно за да не му стои во умот дека мора да го пази и кога еве вака песна ќе му напишиш со надеж оти ќе знај и ќе препознај пиле мое, чупче мое убо не е љубов ако во неа те нема ниту пак ти си ако љубов во себе не носиш и кратко е времето пусто целиот живот кус е та секогаш ти фали уште една година или две уште барем еден миг за ова или она да напрајш зато љубовта не мери ја и на кантар не клавај ја и дај му ја ко шо во тебе седи без да ја украсуваш и пакуваш ете така шлапни му ја в лице со гушкање и бакнеж и признај му оти терсенe си и таква ќе бидиш ама оти се’ шо ќе напрајш со душа ќе е и со сето срце внатре оти тоа љубов е, пиле мое тоа љубовта е   За Женски Магазин, поетесета Ана Бунтеска