,

Моника Белучи блесна во креација на Valentino на примањето на наградата „Donostia“

Добивај вести на Viber

Во нежна розова креација од модната куќа Valentino, актерката Моника Белучи зачекори на бината при подигнувањето на наградата од Филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Џон Мајковиќ и ја предаде статуетката „Donostia“,  а 52 годишната Моника уште еднаш покажа како треба да изгледа вистинска дама. Белучи не разочара ниту на нејзиното пристигнување во шпанскиот град каде се појави во елегантен костум од Ралф Лорен.