Музика и за позрелите жени

Добивај вести на Viber

ДУОТО НЕКСТ ТАЈМ СО ЕМОТИВЕН СПОТ ЗА СЛУШАМ КРАЈ ШУМАТ ШУМИТЕ Емотивен мини филм е новиот спот на рок дуото „Некст тајм“, за преработката на македонската традиционална песна „Слушам кај шумат шумите“. Спотот сношти беше промовиран во преполната сала на Драмски театар, а е примен со стоечки овации од пријателите на близнаците Стефан и Мартин Филиповски. https://www.youtube.com/watch?v=nWYfEGdd5Oo Ако на почетокот од кариерата, правеа песни кои ги сакаа најмногу тинејџерките, Мартин и Стефан сега им се обраќаат на позрелите жени,  а и публиката од сите генерации. Со спотот и песната за „Слушам кај шумат шумите“ не им се обраќаме веќе само на тинејџерките, туку на сите жени, од сите генерации. Спотот го направивме како мини филм и знам дека во него ќе уживаат жените како што уживаат во чаша добро вино“, изјави за Женски Магазин Стефан, вокалот на дуото. [caption id="attachment_1534" align="aligncenter" width="720"] Стефан на снимањето на спотот за "Слушам кај шумат шумите"[/caption] „Нашата најголема поддршка, моја и на брат ми се токму три жени, нашите девојки и нашата мајка. За девојките ќе зборуваме во друга прилика, а мајка ни на секоја наша нова песна реагира слично, велејќи: да ве гушнам.“, додаде Стефан. [caption id="attachment_1533" align="aligncenter" width="628"]  Мартин во спотот[/caption] По „Ја излези Ѓурѓо“, која стана голем хит, ова е втора преработка на дуото на традиционална песна. Новиот аранжман и на двете го направи Николче Мицевски, а Мартин и Стефан најавија цел албум со традиционални преработки. Во улога на мајката на војводата кој загинува во спотот е актерката Ана Стојановска, а игра и малиот актер Бранко Калеников. Спотот е во режија на Огнен Шапковски,  а и на гитаристот на „Некст тајм“ Мартин Филиповски. „Ова е песна што ќе остане за навек, во нашата музичка историја“, изјави Мартин. За Женски Магазин, Милица Џаровска