Наместо биогрaфија

Добивај вести на Viber

Извај се себеси со глина од гревови на плоштадот со најмногу минувачи. Нацртај се со јаглен од сиот диоксид што ти го плукнале во уста. Опиши ги сите невозможни љубови во поеми што секој може да ги разбере. Направи краткометражен филм од сите свивања во неправилна топка од болка. Запеј песна во чии ноти ги гледаш сопствените моменти на екстаза. Изгради дом на кој темели ќе му бидат твоите коски. Курбан ќе ти отиде главата по изложбата, но не и животот. Несреќните краеви се добра стимулација за компулсивно купување. Дебело ќе бидат платени парчињата несреќа и клишеата нирвана. Ќе висат по ѕидови, наместо во воздух, па ќе иригираат вредности на твојата сметка во банка. Како обезглавен човек – ќе немаш полза. Ни штета. Онака разголен, ќе бидеш толку непознат колку што се ненаситни љубителите на твојот нудизам. Без комплекси. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола