Кога им студи на чувствата
им облекувам парталави спомени.
Со чкорчето на пропуштените шанси
им палам огнови да ги лижат
нивните екстремитети.
Телото ми им ги прекрива
накострешените интимни зони
за да им дадам човечка топлина.
Кога емоциите имаат треска -
- во нив кивнуваат сите убоди,
слузат сите гребнатини,
се дилатираат сите пукнатини.
И полека пропаѓам во длабнатините,
со болка во слабините,
додека ми шета душата по шините.
Кога им студи на чувствата -
- јас купувам облека.
Нека мрзне капутот,
само да не ми се ежи кожата.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова-Костиглиола
Животна училница // Приказни
Настинка на чувствата
Кога им студи на чувствата
им облекувам парталави спомени.
Со чкорчето на пропуштените шанси
им палам огнови да ги лижат
нивните екстремитети.
Телото ми им ги прекрива
накострешените интимни зони
за да им дадам човечка топлина.
Кога емоциите имаат треска -
- во нив кивнуваат сите убоди,
слузат сите гребнатини,
се дилатираат сите пукнатини.
И полека пропаѓам во длабнатините,
со болка во слабините,
додека ми шета душата по шините.
Кога им студи на чувствата -
- јас купувам облека.
Нека мрзне капутот,
само да не ми се ежи кожата.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова-Костиглиола