Животна училница // Приказни
Научниците велат ако често заборавате тоа е знак на повисока интелигенција
„Лошата меморија“ всушност е механизам во мозокот кој служи брзо да направи простор за важни информации и да не дозволува мозокот да троши енергија и простор памтејќи секојдневни и безначајни информации“
Ричард објаснува дека информациите кои се лесно достапни, како факти кои можете да ги најдете на интернет или телефон, се нешто што вашиот мозок не ги памти. Наместо тоа, мозокот ќе го ослободи тој простор да ги сочува информациите кои се навистина неопходни да се запаметат.
Тој исто така предлага дека би требало да „ги чистите“ своите мемории. Можете тоа да го направите така што ќе отидете во теретана или ќе правите некоја друга физичка активност. „Знаеме дека вежбата го зголемува бројот на неврони во хипокампус“, тој објаснува.
Зголемување на неврони во хипокампусот ќе избриша некои мемории, но не грижете се-вашиот мозок знае што ви треба и што не треба да помтите.
„Не сакате се да заборавите, и ако заборавате многу повеќе отколку што е нормално тоа може да биде причина за грижа“, вели тој. “Но ако сте некој кој заборава секојдневни детали, тоа е веројатно знак дека вашиот систем на меморија е перфектно здрав и дека работи точно она што треба да го работи.“
Значи, да се биде заборавен гениј и не е толку лошо. Кому му е гајле за текстовите на песните?