Здравје // Рецепти
НАЈДОБРИ И НАЈМЕКИ: Рецепт за совршени палачинки
Оние кои веќе ги пробале овие палачинки се воодушевени и го бараат рецептот за самите да ги подготват.
состојки
300 мл минерална вода
200 мл млеко
една лажичка масло
2 јајца
250 грама брашно
малку сол
масло за пржење
намази по желба
Прво измешајте јајца, сол, вода, млеко, а потоа по малку додавајте од брашното.
Измешајте убаво за да нема грутки, туку смесата да биде мазна и дека отстои така неколку минути.
Потоа пржете ги палачинките на загреана тава во која сте ставиле само капка масло.
Дебечината на палачинката ќе зависи од вас, а и исто така и намази можете да ставите по желба.
Крем и банана е комбинација која најчесто се користи.