Животна училница // Приказни
ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Не троши ни минута за некој кој не ти носи среќа!
Не дозволувај некој да те спушти на ниво за да го мразиш.
Ослободи се од прангите во кои те чува и продолжи со мирно срце.
Животот е многу краток и не треба да го губиме своето драгоцено време, обидувајќи се да ги разбереме луѓето или пак да се докажуваме. Единствената личност на која треба да се докажеш, си ти самата.
Настојувај да бидеш најдобрата личност што можеш, биди силна и замини. Горчината и лутењето не носат ништо друго. Она што со тоа се постигнува е оневозможувањето на твојата среќа.
Твојот живот е драгоцен, па затоа не троши ни минута во грижата кон некој кој не те прави среќна. Кажи им збогум и посакај им добро. Секако, тие придонесоа да станеш посилна личност. Еден ден ќе го видат светлото. Ти таму стигна пред нив.