Ни оди ли зијан иднината?

Добивај вести на Viber

Не учете ме што е љубов. Не е лекција којашто сум ја испуштила оти сум побегнала од час. Не е хемиска реакција која завршила со сол и вода оти погрешно сум балансирала реагенси. Не, љубовта не е цијанид, оти мајчиното млеко со кое сум доена, паметам, слатко беше. Не е коска, љубовта, оти со пердуви ме галела по темето. Не е ни крв оти не мириса на челик на пареа од камилица ѝ личи реата. Не е љубовта војна, силување на умот и телото, грабеж на интелектот и идентитетот, лелек што на партали сече небеса, морија што гази паднати ангели. Ако знаевте што е љубов, ќе споделевте среќа и надежи, ќе опевавте младешки копнежи, ќе гледавте усни со црвила, а не души во црнина. Не поганете јазик говорејќи за историја, седнете, пишувајте ја сегашноста, да не ни отиде зијан иднината.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола