,

Ноќта пред да ме уапсат ја поминав во Скопје

Добивај вести на Viber

„Една од работите кои судот ми ги заплени беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Кога, по пет години излегов од затвор, ми го вратија сценариото за филмот. Ја немав таа среќа да заиграм во него, но Раде Шербеџија одлично ја одработи својата задача “, рече Лаушевиќ. [caption id="attachment_1147" align="aligncenter" width="800"] Лаушевиќ на прес конференцијата со програмскиот доректор на Киненова Марина Костова и со водителката Миланка Рашиќ[/caption] Познатиот глумец Жарко Лаушевиќ денеска (четврток) беше гостин на прес конференцијата во скопското кино „Синеплекс“, по повод отворањето на второто издание на филмскиот фестивал за дебитантски филмови „Киненова“. Утре (петок) во киното „Милениум“, од 20 часот ќе му биде доделено Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност. Лаушевиќ пред присутните на пресот откри дека својата последна ноќ на Балканот во 1994 година, пред да биде осуден на затворска казна од 15 години поради пресудата за двојно убиство, ја поминал во Скопје. „Една од работите кои судот ми ги заплени беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Кога, по пет години излегов од затвор, ми го вратија сценариото за филмот. Ја немав таа среќа да заиграм во него, но Раде Шербеџија одлично ја одработи својата задача “, рече Лаушевиќ. „ Слободно зборувајте на македонски, јас одлично ве разбирам. Мојата жена е Македонка, нејзиното семејство е овде. Во животот ја имав и таа чест да работам со Владимир Милчин на претставата Свети Сава. Работев и со Слободан Унковски во Југословенско драмско позориште “, изјави шармантниот актер. Една од улогите кои во осумдесетите години го прослави е онаа на поручникот Петар Хорват во филмот „ Офицерот со ружа “ од 1987 година. Лаушевиќ изјави дека сè уште е во контакт со екипата од тој филм. „ Со Ксенија Пајиќ скоро се слушнав. Сите тие контакти ми будат носталгија на едно убаво време кога снимавме низ цела Југославија. Истата година кога излезе филмот „Офицер со ружа“ во 1987 година снимавме филм близу Скопје, во селото Горно Количани, токму со Ксенија Пајиќ, потоа Мира Фурлан, Мирјана Јоковиќ. Тоа село изгледаше нестварно, сосема филмски, како да застанало во 17 век. Куќите беа од кал. Баш би сакал да знам како изгледа тоа место денес “, раскажа Лаушевиќ. На 31 јули во 1993 година, тој и неговиот постар брат Бранимир, беа нападнати од група на хулигани во близина на еден клуб во Подгорица. Тогаш Лаушевиќ од својот пиштол усмрти двајца од напаѓачите, а тешко рани еден од нив. Осуден е на 15 години затворска казна, од која издржа четири ипол години, дел во Србија, дел во Црна Гора. Откако Сојузниот суд ја укина пресудата во 1998 година, изречена му е казна од 4 години. Со оглед на тоа дека во затвор веќе помина шест месеци повеќе од тоа, пуштен е на слобода. Набрзо по судењето ја напушти Црна Гора и се пресели во Њујорк во САД. Врховниот суд на Црна Гора во 2001 година по жалбата на тужителот ја преиначи одлуката за казната и му изрече нова, од 13 години затвор. Во јули во 2009 година, актерот е уапсен во САД, поради престој без виза, и се размислуваше за неговата екстрадиција во Србија по меѓународната потерница која се распиша во 2002 година. Во септември во 2009 година, судот во Њујорк донесе одлука да му се укине притворот. Во 2011 година во Србија го помилува тогашниот претседател Борис Тадиќ, а во февруари следната година министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ му врачи српски пасош, во Њујорк. Во Србија и во Црна Гора се врати во 2014 година, по што ги објави двете автобиографски книги „Денот помина, годината никогаш“, кои станаа бестселери. „ Би требало да почнам да го работам и третиот дел од книгата. Но, во овој период сум окупиран со многу подраги работи, со некои многу посреќни ангажмани. Колку и да си велам дека веќе треба да почнам да пишувам, од друга страна си мислам дека е добро и да не брзам, за да продолжам да се занимавам со оваа, повеселата работа “, додаде Лаушевиќ на пресот. Годинава, тој игра во три серии, „Сенките над Балкан“ на Драган Бјелогрлиќ, „Пет“ на Балша Џога, и „Корени“ работена по мотиви на Добрица Ќосиќ. Го сними и филмот „Воља на синовите“, на Страхиња Маџаревиќ и Немања Чераниќ. Освен „ Офицерот со роза “, има играно и во филмовите и во сериите „Игмански марш“, „Хасанагиница“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Сивиот дом“, „Црниот бомбардер“. Фестивалот „Киненова“ ќе се одржи од 6. до 11. октомври, а отворањето на фестивалот е со филмот: „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ од Босна и Херцеговина. Мотото на фестивалот е „За сè има првпат“. Ќе се доделат награди за најдобар филм, режија, сценарио и за најдобар филм според публиката, а ќе се натпреваруваат вкупно десет филма од девет земји. За Женски Магазин, пишува Милица Џаровска