,

Одбележан меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

Добивај вести на Viber

Здружението Проект Среќа, денеска одржа прес конференција по повод 17. октомври, меѓународниот ден за борбата против сиромаштијата. Здружението втора година по ред го одбележува овој ден. „Сакам да упатам апел до сите невладини организации и до граѓанскиот сектор, да се подигне свеста за борбата против сиромаштијата. Нашето општество не пати само од сиромаштија туку и од недостаток на емпатија, и за жал сè уште има сопственици на компании кои своите работници ги присилуваат да ја вратат во кеш разликата во платата, која како стандард за минимална плата ја донесе новата влада. Апелирам до Владaта на Република Македонија и до сите нови градоначалници да го санкционираат тоа. Да им го вратиме достоинството на луѓето, и сите ние достоинствено да живееме. Само така можеме да бидеме среќни, ако успееме заедно, со иста цел“, рече на прес конференцијата Кристина Арнаудова, претседател на „Проект среќа“.   Пред медиумите се обрати и заменик министер за труд и социјална политика Елми Азири. „Ние како министерство и како дел од Владата веќе направивме чекори за намалување на степенот на сиромаштијата во Република Македонија. Планирано е до крајот на 2020 година, процентот на сиромашни семејства да се намали за 15 проценти. Во таа насока, ние како Министерство за труд и социјална политика континуирано работиме на зголемување на процентот на социјална помош. Во наредниот период ќе следуваат активности со таа цел. Најавуваме целосна реформа во социјалата, и поголема помош на оние целни групи на кои им е потребна“, изјави Азири. На прес конференцијата своето прво обраќање го имаше и идниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ. Саша Богдановиќ. По настанот, низ централното градско подрачје беа поделени летоци на случајните минувачи, со пораки од борците за човекови права и нивниот начин како да направиме подобро општество за сите. Во рамки на одбележувањето светскиот ден за борба против сиромаштијата, двете здруженија „Проект среќа“ и „Љубезност“ посетија 20 семејства на кои им ја однесоа потребната помош.