Од исто јаболко две полојни

Добивај вести на Viber

Господ да те чува од маж кој маж не е И жена која не знај жена да биди Оти таму од љубовта нит семка ќе се фати Нит дрво со плодој ќе изникни Таму кај шо мажот не е за почит А жената за сакање не е Таму секнува животот ко пресушено корито Ко убав фустан насила скинат Та секогаш поработ ќе се познава И окото таму ќе ти бега Чупе, слушај ваму Таму кај шо в куќи љубов нема И двајцата ко поулавени се Та и во иста соба да бидат Ко да не знаат и познаваат Се одбегнуваат да не се сретнат И пупупу случајно да не се допрат Ко чума да имаат Чума од нељубов да шират Таму кај шо мажот силен не е За маж в куќа да биди Жената аздис фаќа И престанва со светнати очи да го пули А онаму кај шо жената мудра и нежна не е За од тој до неа создај сила врз која ќе се крепи Мажот глата ја врти И појќе ко жена за себе не ја гледа Таму кај шо мажот и жената Од исто јаболко две полојни не се Таму љубов не бива, ниту пак нив ги бива И се познаваат по очите Еве, заврти се околу Загледај им се на луѓето во ѕрцалата Одма ќе видиш кој со убост и слога в куќа живеј И кој дома си бега оти нема кај да преспие Греој Греој еден кон друг и сами за себе Со омраза и гнев Или скраја да е, без желба за живот Ко од свежи гробој изваени Не беше така порано пиле Така ич во мое време не беше И не џабе се рекло оти мажот глата во куќата мора да е Ама жената вратот за да знај кај да заврти Оти глаа без врат не ја бива А врат без глаа чуму ти е Ама се’ наопаку стана Живеете без сакање и почит Не зборвате или само врескате Еден на друг сол на глаите си триете И инаети еден со друг терате А животот врви Си тера тој молкум и без да сетите И ете гледај! староста дошла, на врата тропнала А вие уште по љубов трчате и на неа се надевате Ко да е таа гостин кој неканет треба в куќа да влези Без да имате храброст да ја побарате Да ја живејте, да ја имате и чувате Ко шо мажот треба таа до него да ја чува Абе ко вода на дланка и ко бисер во школка да ја пули Ко шо жената мажот треба да го пази Ко љубовник и другар со сето срце да го љуби Ех, пиле Ум да бериш и со срце и ум да одбериш Маж, ама и ти жена покрај него да бидиш За да денот и животот ви свети Ко јас и дедо ти шо бевме Со љубов шо корени имаше до центарот на земјава Ко лешникон стар, ко нас...ко ние шо бевме ! За Женски Магазин, поетесета Ана Бунтеска