Од татко ми ги наследив
веѓите.
Само, тој ги собираше од лутина,
додека јас едната ја
кревам од пакост.
Од мајка, пак, ги добив
очите.
Иако таа гледаше да ѝ
чади оџакот,
а јас неуморно зјапам
во вкочанетите тркала на
општеството.
Сакам син ми да ми ги
впие идеите,
оти ќе биде упорен да ги
реализира.
И ноншалантноста на
татко му,
ако, за беља, потфрли,
бавно да си постави
различни цели.
Нашата еволуција трага
по загубената буква Р,
која крши јазик кога некој
странец
ми го изговара
моминското презиме.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола
Животна училница // Приказни
Од семејните наследства
Од татко ми ги наследив
веѓите.
Само, тој ги собираше од лутина,
додека јас едната ја
кревам од пакост.
Од мајка, пак, ги добив
очите.
Иако таа гледаше да ѝ
чади оџакот,
а јас неуморно зјапам
во вкочанетите тркала на
општеството.
Сакам син ми да ми ги
впие идеите,
оти ќе биде упорен да ги
реализира.
И ноншалантноста на
татко му,
ако, за беља, потфрли,
бавно да си постави
различни цели.
Нашата еволуција трага
по загубената буква Р,
која крши јазик кога некој
странец
ми го изговара
моминското презиме.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола