,

Откриени нови докази кои го поврзуваат шеќерот со растот на туморот

Добивај вести на Viber

Неодамнешните резултати на деветгодишно истражување на белгиски молекуларни биолози, објавени во медицинско списание „Nature Communications“, покажале како шеќерот навистина е заслужен за поттикнување на растот на туморот. Ова помогнало да се реши прашањето кое ги мачи онколозите веќе со децении, и понудило нови решенија за превенција на туморот низ диетална промена. Повеќето клетки кои не се канцерогени се полнат со енергија низ аеродробно дишење, процес кој подразбира разложување на сварената храна во корисна енергија богата со молекули низ цела серија хемиски процеси, за кои е потребен кислород и после кои се ослободува јаглен диоксид како последица на реакцијата, Но, тоа не е случај со канцерогените клетки. „Warburg“ ефект или како шеќерот е поврзан со канцерогените клетки Дури и кога добиваат доволно кислород за процес на претворање на гликозата во „гориво“ т.е. во енергија за организмот, канцерогените ќелии со задоволство бираат енергија од ферментираниот шеќер. На овој начин се создава и, после тоа, искористува помалку енергија отколку во регуларните хемиски процеси со кои келиите инаку се користат. Овој феномен се нарекува „Warburg“ ефект. Истражувачите поминувајќи го својот експеримент на пример на ќелии на квасец откриле дека низ процесот на ферментација-истиот оној кој го преферираат канцерогените ќелии - всушност го стимулира растот на туморот. Тие резултати упатуваат на тоа дека гените кои најчесто предизвикуваат раст, наречени Рас протеини, поттикнуваат агресивни тумори со помош на шеќер. Накратко, шеќерот „ги буди“ постоечките ќелии на рак со тоа што ги мултиплицира и успешно го зголемува нивното ширење во организмот. Водачите на истражувањето, белгискиот молекуларен биолог Johan Thevelin и професор од Католичкиот Универзитет во Леувен, објаснуваат како „Хиперактивното консумирање на шеќер од страна на канцерогените ќелии води во маѓепсан круг од константна стимулација на развивање на раст на туморот“. Биолозите веруваат дека ова ново сфаќање на интеракција на ракот и шеќерот ќе имаат сеопфатни последици на идните истражувања, а и претходните тежнееле повеќе кон тоа откритие. Ова направило поместување и во прехрамбенот план на оние кои се под ризик или веќе имаат некои од облиците на рак, но истражувачите велат дека студијата допрва следи бидејќи не се открило сосема зошто канцерогените толку имаат „желба за слатко“.