Култура // Настани
Персонализирано осветлување и модерна елеганција на транспарентни шатори за незаборавен настан
Секој посакува совршено организиран настан, можност и најситните детали и опрема да се организирани и земени во предвид сè додека вие уживате со поканетите гости. Најчесто потребно е да се контактираат различни фирми за осветлување, кетеринг, озвучување, декор... Нешта кои одземаат време и не дозволуваат да се ужива во претстојниот настан како вистински домаќин, не грижејќи се за ништо друго освен за уживањето на сопствената забава. Дали би сакале да “Бидете гостин на сопствената забава”?
Веќе повеќе од една деценија во Македонија Dalma Catering & Events ги организира најелитните настани за сечиј вкус под ова мото. Ова e единствената компанија во земјата која нуди комплетно организирање на секаков вид на настани со сопствена опрема и подготовка на храна за чиј квалитет повеќе од доволен доказ е над 10 годишното искуство со илјадници успешно реализирани настани и уште повеќе задоволни гости и клиенти.
Стремејќи се кон постојана иновативност и инвестирање во својот асортиман на модерна опрема Далма го донесе светскиот хит и во Македонија, популарните транспарентни шатори.
Погодни се за топлиот летен период и најпопуларни се кај идните невести бидејќи имаат уникатен транспарентен видик кој не го ограничува просторот. Нивната форма дозволува струење на воздухот во топли денови, а проѕирниот материјал овозможува доволно светлина и може да се постави на било каква површина. Во поладните денови истите се комбинираат со грејни тела.
Транспарентноста не останува само во делот на опремата. Транспарентни се и сите детали за квалитетот на услугата како и професионалноста на секој член на тимот кој се грижи за настанот.
Секој настан може да се реализира – се покануваат гости, завршува настанот и истиот набргу се заборава. Но организирање на настан кој ќе се памети и умешноста да се „трансформира“ еден простор и да се претстави стилот на настанот е нешто во кое најдобри се токму искусните и професионалците. Еден од нив е и Александар Свенчев, дел од тимот кој прв доаѓа на настанот и последен си оди.
„Сè е во деталите и малите работи. Кога доаѓаме на местото на настанот се случува еден детален скен на целиот простор, од една страна за да ја распределиме опремата, а од друга да можеме да водиме грижа за безбедноста преку целиот настан .Ние се грижиме за сите мали и големи работи со цел домаќините да не мора да се грижат за ништо”, вели Свенчев.
Тим спремен да помогне со секој елемент од организацијата - шатори (тенди), маси, столчиња, опрема за озвучување на просторот, бина и рампа, видео опрема, декорации, пиротехника, како и голем асортиман на ситна галантерија. Како компанија која постојано носи нови инвентивни решенија, освен веќе препознатливиот асортиман, истата поседува и квалитетна опрема за професионално осветлување. Осветлувањето дава шанса за креирање на топол и пријатен амбиент во било кој простор, има моќ да го претвори во романтично опкружување со топли и пријатни тонови за свадба од соништата или можеби корпоративен амбиент со стил каде правилниот микс на боите и светлото можат да го претстават токму посакуваниот брендинг и стил на бизнисот на организаторот.
Со вакви можности и опции, едноставно е неизбежно е да се достигне перфекција.
Сè уште се мислите на кого би му ја довериле организацијата на вашиот иден настан?