38-годишната американска пејачка Пинк го роди второто дете пред повеќе од година дена, а сега е во одлична форма. Го прегледавме нејзиниот Инстаграм профил и се обидовме да сфатиме што прави таа за да изгледа толку добро!
Денот го почнува со кафе
Како и многу други, и Пинк денот го почнува со шолја кафе. Ова е добра идеја, бидејќи според научниците кафето се смета за еден од најдобрите производи кои ја подобруваат функцијата на мозокот, а исто така има и многу корисни антиоксиданти. Често за појадок, пејачката јаде француски тост и смути од кокосова вода, авокадо, боровница и масло од ленено семе.
Ја корегира исхраната согласно ситуацијата
Пејачката ја прилагодува исхраната согласно ситуацијата. На пример, Пинк признава дека додека е на турнеја, навистина јаде многу. „Јас јадам многу, бидејќи работам и по четири часа дневно: танцувам, јога, кардио“...
Основа на нејзината исхрана е зеленчук
Дома пејачката преферира органска вегетаријанска храна. „Се трудам да јадам здрава храна. Кога не сум на турнеја, јадам вегетаријанска храна, иако понекогаш јадам пилешко и риба.“ Некој вид на овошје и зеленчук Пинк ги одгледува во сопствена градина.
Готвењето е забавна авантура
И покрај фактот дека Пинк е мајка на две деца, поминува многу време во кујна. Кога фановите на Твитер ја прашаа пејачката што најмногу сака да направи по враќање од турнеја, таа одговорила: „Заедничко јадење со децата“.
Покрај тоа, пејачката одела дури и на часови за готвење .
Физичка активност
„Можете ли да верувате дека имам 72 килограми, а сум висока 1,63 цм? Според прифатените стандарди јас трпам од дебелина. Знам дека не сум се приближила до моите цели, кои си ги поставив себе си по пораѓањето на моето второ дете, но не се чувствувам како дебела жена“, вели Пинк.