Плачењето ослободува

Добивај вести на Viber

  Плачењето е добро. Го исфрла од вас, она што ве тишти. Отфрлете го од себе целиот товар кој се собрал од повредувања, предавствата, самотијата, промашувањата и поразите. Не чувајте ги во себе болните мисли, не задржувајте ги негативните чувства. Нека излезат од вас. Почнете одново и одново. Не плашете се од солзите. Нека течат и нека го излечат она што ви ја измачува душата. Фрлете го минатото од себе. Не сте само вие виновни за загубите, ниту пак за релациите кои не функционираат, не се оптоварувајте со товарот на тешките луѓе. Само се трошите себеси и вашата енергија. Плачењето е убаво. Тоа дава сила. Го ослободува сето она што ве тишти и заморува. Дајте си прилика и нова шанса. Солзите нека бидат вовед во новиот почеток.