,

Познат музичар призна дека работи за ЦИА: Шири информации за „руска завера“

Добивај вести на Viber

Популарниот американски музичар Моби изјавил во интервју за радио станицата VFPK дека агентите на ЦИА од него барале на социјалните мрежи да шири информации за врските на американскиот претседател Доналд Трамп со Москва. Музичарот, исто така, се пожалил дека Конгресот на САД уште не ја повикал на одговорност администрацијата на Трамп. Набрзо по инаугурацијата на Доналд Трамп популарниот продуцент и ди џеј Моби пишувал на социјалните мрежи дека има „инсајдерски информации“ за врските на американскиот претседател со Москва. Тој неодамна ги изнесе истите тие тврдења. Тој раскажал дека на концертите бил во прилика да се сретне со „Пријателите од разузнавачките служби“, „актуелни и екс агенти на ЦИА“, кои биле загрижени во врска со актуелниот шеф на Белата куќа и го нарекувале “руски агент“. „Поради тоа ми пренесоа некакви информации и ми рекоа: „Слушај, имаш голем број на следбеници на социјалните мрежи, повеќе од било кој од нас, за да би можел ова сведочење да го објавиш таму“, признал Моби. Тој вели дека не знае какви се реалните размери „на завера“ на американскиот претседател со Русија, но дека, сепак постои мноштво докази за „погубната соработка на администрацијата на Трамп со Русите“.