Настани,
Филм
Поради Меган Маркл сајтовите за возрасни „експлодираа“: Свршеничката на принцот најбарана
Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл само што официјално се свршија, а кралското семејство веќе има проблем поради тоа - британски „Мирор“ брзо се потруди да го распие доброто расположение. Овој весник го контактирал познатиот порно сајт PornHub, кој открил дека пребарувањето за терминот „Меган Маркл“ експлодирало веднаш по објавата за веридба (во понеделникот).
Корисниците вкупно ја пребарувале околу три отсто, а најбизарниот термин поврзан со името на американската актерка и добротворка е „Веренички прстен“.
Веста дека познатите убавици се предмет на пребарување на PornHub сајтот не е посебна новина, но кога нечие име скокне за 1 500 отсто во пребарувањето така изненадно - тоа е голем хит, велат од познатиот сајт за возрасни. Идната британска снаа е најбарана во Америка, Велика Британија, Шпанија, Германија, Белгија... Меган, која всушност се вика Рејчел никогаш не снимила „домашно видео“, но на сајтовите за возрасни се постирани различни делови од филмовите во кои глумела, а во кои е во кревет или послободно облечена, или пак видеа како ова подолу.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=75&v=V_zHwwCk7fk
Како идна принцеза од неа се очекува да биде достоинствена и скромна, па во иднина не би требало да гледаме било какви скокотливи фотографии или објави од забави, како што беше досега.