Приказната за најинтимната тетоважа на Мартин Мила

Добивај вести на Viber

По пауза од две години, познатиот музичар Мартин Мила ќе објави нов сингл. Песната „Идеална“ е продуцирана од Гоце Симоновски во студиото „Супернова“ и ќе ја промовира до крајот на неделата. Кантавторот е актуелен со третиот албумот „Премин“ со кој прослави десет години кариера. Дел од композициите се автобиографски и како што самиот изјави, напишани во еден здив по смртта на неговата мајка. Популарниот пејач и автор кој изминатиов период се соочи со повеќе искушенија во приватниот живот вели дека е горд што успеал да остане свој, без разлика што другите мислат за него. - Животот е паѓање и издигнување. Сите луѓе ги среќаваш кога одиш надолу. Истите се и кога чекориш нагоре – коментира тој. Публиката го препознава по специфичниот музички израз, но и по тетоважите кои за него се култура на живеење. - Првата, келтска плетка на рамото, ја направив уште во седмо одделение. Денес ги имам десетина и секој цртеж на моето тело крие некаква животна филозофија и има свој белег. Сите тетоважи ми се драги, особено оние на вратот и градите посветени на ќерка ми. Бројот седум е збир кој го симболизира нејзиниот датум на раѓање, а нотите „ми и „ла“ се нејзиното име. Имам неколку убави слики како змејот кој ми е особено драг–открива тој. Мила се прослави во шоуто за таленти на „М2 продукција“, а подоцна работеше и на неколку телевизиски проекти. Веќе подолго време има нова работна позиција, но музиката му остана примарна преокупација. Изминатиов период се радува на успесите на неговата ќерка Мила Србиновска која е европски шампион во хипхоп-танц. [caption id="attachment_3651" align="aligncenter" width="720"] - Мартин Мила првпат се тетовирал во седмо одделение, а тетоважите на вратот и на градите ѝ ги посвети на ќерка си која е европски шампион во хипхоп-танц[/caption] - Таа е турбо-активна како нејзините родители кога беа деца. Не за џабе рекле дека генетиката е чудо. Талентирана е за многу работи. Сака да пее како тато, но поголем интерес покажува за танцот – вели пејачот. За Женски МагазинЃорге Стојанов   Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин