Животна училница // Приказни
Прошка за спокој на душата
Простувам, не затоа што заслужуваш, туку затоа што јас заслужувам мир
Ти простувам, но и ја совладувам лекцијата. Нема да те мразам, но никогаш веќе нема да ти се доближам толку, за да ме повредиш пак. Не сакам мојата прошка, да стане моја глупост.
Постојат два вида простувања. Простување со давање шанса и простување со продолжување без нив. И двете опции треба да се користат мудро.
Ти простувам, не значи дека го прифаќам твоето однесување или дека ти верувам. Ти простувам заради себе, за да можам да продолжам со животот.
Простувањето не значи дека го прифаќам тоа што го направи. Простувањето значи дека тоа што го направи, не ме контролира веќе.
Никогаш не знаев колку сум силна, сè додека не пробав да простам на некој кому не му беше жал, и да го прифатам извинувањето кое никогаш не го добив.